За нас

Компанијата ВЕКТОР про ДООЕЛ Скопје е во приватна сопственост. Сопственик и управител на компанијата е г-дин Златко Спасоски. Седиштето и производствениот погон се наогаат во н.Волково а изложбениот салон се наога на бул.Партизански одреди 70б Д.Ц Алуминка лок.бр 20.

Основна цел на компанијата е да обезбеди сигурност и безбедност во домот, одлична звучна и термичка изорација и да одезбеди подобар визуелен изглед по желба на клиентот а со тоа и зголемено задоволство на потрошувачот. Наши клучни потрошувачи се клиенти кои имаат потреба од производи изработени со високо квалитетени материјали кои се тестирани и докажани, клиенти кои имаат потреба од изработка на производи по однапред земени димензии со боја и дизајн по желба и нарачка изработени посебно за нив со кој би ги задоволиле барањата и очекувањата на потрошувачот.

Основна дејност на компанијата е производство и монтажа на

  • Пвц прозорци и врати
  • Алуминиумски прозорци и врати
  • Секаков вид застаклување
  • Сигурносни врати
  • Пвц и алуминиумски ролетни
  • Комарници

Општествена одговорност на компанијата

Во Вектор про веруваме дека успехот на една компанија не се вреднува само според профитот и водечката позиција на пазарот туку и според тоа колку компанијата е одговорна кон заедницата. Затоа настојуваме нашите активности да бидат засновани на одговорна работна пракса со цел да ја оправдаме довербата на клиентите и заедницата во која делуваме.

Одговорното работење, грижата за нашите вработени, заедницата и животната средина во која опстојуваме се исклучително важни сегменти од стратегијата на нашата компанија. Посветено работиме на развој на мултидимензионална програма за општествена одговорност која покрива широк спектар на области во и вон компанијата. Со тоа ја исполнуваме нашата визија, да оставиме значаен белег врз заедницата, но и да бидеме добар корпоративен граѓанин и компанија за пример.

Техничка опременост на компанијата

  • Машини и опрема за призводство на сигурносни врати
  • Машинаска линија за прозводство на пвц и алу.прозорци и врати
  • Товарни и патнички возила
  • Опрема и програми за деловна и административна евиденција