Standard

Сигурноста и безбедноста се едни од приоритетите во секојдневниот живот на човекот. Наша цел е да ви обезбедиме на Вас и вашето семејство сигурност во вашиот дом.
Сигурносните врати STANDARD изработени по точни димезии, достапни во широк спектар на стилови и бои.

Технички карактеристики

  • метална конструкција која е изработена од челични профили 30Х20
  • внатрешноста на конструкцијата е исполнета со исполна тврдо пресуван тервол d=30mm
  • за термо-звучна и огноотпорна изолација во траење од 30мин
  • профилите образуваат решетка која е двострано пуктирана со декантиран лим 2х =1.00мм
  • метална конструкција е двострано обложена со мазна оплеменета иверка = 16мм или
    обложена со фурниран медијапан =16мм со апликативна резба и боја по избор на
    нарачателот, при што на располагање е широк дијапазон на бои (бела, орев, махагони, цреша, храст и др.)

Во вратата е вграден сигурносен систем Securemme (Италија) модел 2021 со касови клучеви. Забравувањето со сигурносниот систем е на 3 точки кај бравата.

Металниот довратник е изработен од апкантуван декапиран лим =2,00мм. електростатски фарбан. Во основниот облик на сигурносната врата е вградено магично око 160°, рачките и розетните можат да бидат од полиран месинг или матиран хром елементи се производ на Securemme (Италија).