Concept

Максимална сигурност, креативна естетика, едноставна употреба,висока звучна изолација и висок термоизолациски коефициент се основни карактеристики на сигурносната врата. Вектор про Ви нуди сигурносни врати со модерен дизајн прифатлив за сите архитектонски решенија.

Сигурносните врати CONCEPT изработени по точни димезии, во широк спектар на стилови и бои овозможуваат додатен декор во вашиот дом.

Технички карактеристики

  • метална конструкција која е изработена од челични профили 20Х40
  • внатрешноста на конструкцијата е исполнета со исполна тврдо пресуван тервол d=40mm за термо-звучна и огноотпорна изолација во траење од 30мин
  • профилите образуваат решетка која е двострано пунктирана со декантиран лим 2х =1.00мм
  • метална конструкција е двострано обложена фурниран медијапан = 16мм , бојата и апликативната резба е по избор на нарачателот, при што на располагање се широк дијапазон на бои (бела, орев, махагони, цреша, храст и др. ) како и апликации на резби

Во вратата е вграден сигурносен систем Securemme (Италија) модел 2530, за повеќестрано забравување со касови клучеви и точкасто кодиран цилиндер Cisa (Италија).

Забравувањето со сигурносниот систем е на 5 точки кај бравата, на 2 точки ниско долу странично со девијатор, горе вертикално на 1 точка и од задната страна (кај шарките) на 3 точки со фиксни болтови. Фиксните болтови со самото затворање на вратата влегуваат преку касата директно во ѕидот.

Металниот довратник е изработен од апкантуван декапиран лим ^2,00мм. електростатски фарбан во боја по избор на нарачателот. Во основниот облик на сигурносната врата е вградено магично око со видно поле од 160°, рачките и розетните можат да бидат од полиран месинг или матиран хром. Овие елементи се производ на Securemme (Италија).