Classic

Кога е во прашање сигурноста во вашата куќа-стан, никогаш не можете да бидете премногу претпазливи. За жал, криминалот е се во поголем пораст и голем број луѓе се чуствуваат се помалку безбедни. Докажано е дека се повеќе крадци влегуваат најчесто од влезната врата. Затоа од голема важност е да имате добра сигурносна врата.
Овие сигурносни врати ке ви овозможат да чуствувате мир ,сигурност и заштита од било каков неодобрен влез во вашиот дом.

Со сигурносна врата ќе можете да спиете мирно и Вие и вашето семејство. Сигурносните врати CLASSIC изработени по точни димезии, во широк спектар на стилови и бои претставуваат секогаш модерна класика.

Технички карактеристики

  • метална конструкција која е изработена од челични профили 20Х40
  • внатрешноста на конструкцијата е исполнета со исполна тврдо пресуван тервол d=40mm за термо-звучна и огноотпорна изолација во траење од 30мин
  • профилите образуваат решетка која е двострано пуктирана со декантиран лим 2х =1.00мм
  • метална конструкција е двостран обложена со мазна оплеменета иверка = 16мм или обложена со 16мм фурниран медијапан апликативно резба, бојата и апликативната резба е по избор на нарачателот при што на располагање се широк дијапазон на бои (бела, орев, махагони, цреша, храст и др.)

Во вратата е вграден сигурносен систем Iseo-Italiа и кодиран цилиндар Cisa -Italia за еднострано забравување.
Забравувањето е во 5 точки кај бравата , горе вертикално 1 точка и од задната страна (кај шарките ) 3 точки фиксни болтови. Фиксните болтови со самото затворање влегуваат преку касата директно во ѕидот.

Металниот довратник е изработен од апкантуван лим≠2мм, електростатски фарбан во боја по избор на нарачателот. Во основниот облик на вратата е вградено магично око со видно поле од 160⁰, рачките и розетните можат да бидат од полиран месинг или матиран хром. Овие елементи се производ на Securemme-Italia.