Алуминиумска ролетна

Алуминиумските ролетни се изработени од високо издржлив фабрички пластифициран алуминиум, исполнети со полиуретан пена.Ваквиот начин на изработка на ламелите допринесува за високи критериуми на издржливост, термо, звучна изолација и додатна сигурност од кражба во вашиот дом. Алуминиумските ролетни се идеално решение за веќе завршени објекти или објекти во градба.

Едноставна  брза и чиста монтажа и едноставно сервисирање . Можност за избор на дизајн на кутија, боја според RAL карта, можност за комбинација на бојата помеѓу бојата на кутијата, спустот и водилката според избор на корисникот при што го прави домот убав и пријатен за очи. Алуминиумските ролетни може да изработат со заоблена или со испрекршена кутија.

Типови на ролетни

• мануелни
• со далечинско управување

Алуминиумска ролетна со заоблена кутија

Алуминиумска ролетна со испрекршена кутија