Гаражни врати

Роло гаражните врати се естетски и функционално идеално решение за затворање на вашата гаража , влез од зграда или деловен простор.
Таа овозможува оптимално користење на просторот бидејки се отвора по вертикала нагоре – надолу и не зазема многу простор.

Роло гаражните врати се совршена заштита од кражба, бидејќи во случајов ламелите се изработени од екструдиран алуминиум кој не може да се искриви или извади од шината, тие ја гарантираат безбедноста на вашиот животен простор.

Роло гаражните врати се изработени од високо квалитетни анти-корозивни материјали кои не бараат дополнително фарбање и одржување, и гарантираат долг век на траење.
Во овој случај ламелите се направени од челик и екструдиран или обичен алуминиум и исполнети со изолација полиуретанска пена.

УПРАВУВАЊЕ НА РОЛО ГАРАЖНИ ВРАТИ

Движењето на роло гаражната врата може да биде механичко-со курбла и автоматско-со електромотор, централа и далечинско.
Во случај да снема електрична енергија гаражната врата со електромотор може да се отвори со помош на курбла.
На ваше барање може да се вградат бројни додатоци за управување како што е тастер прекидач и др.

Можност за избор на боја по RAL-карта.