Инспирација за вашиот дом

Неколку идеи за непоправлива романтика за оние кои сакаат да поминуваат подолго време покрај прозорецот.

Има нешто неспорно романтично кај прозорците. Но покрај тоа тие имаат и многу попрактична примена па покрај нив може да седите и размислувате за животот , читате , јадете па дури и да спиете.

Просторот за седење може да биде различен : инпровизиран или добро испланиран од почетокот.Проектот за седење покрај прозорецот лесно ќе се вклопи покрај сите прозорци.

Класично место

Класичниот простор за седење покрај прозорецот може да заземе само мал дел од вашата дневна или спална соба .Се што треба да направите е да проверите дали е доволно удобно.Доколку се воспостави да не е тоа може лесно да се реши со помош на неколку јастучиња.

Изборот на класичното место за седење покрај прозорецот не е секогаш идеален, најчесто поради тесниот простор.За да  да го решите овој простор, може да направите широка прозорска подлога што значи дополнително вложување што на некој можеби ке му одговара но на некој не.

Модерен дизајн на седиште покрај прозорец

Модерните седишта се посебно планирани и проектирани така да обезбедуваат доволно простор за удобно седење. Архитектите најчесто сакаат да експериментираат со големината на прозорците и структурата. Некои седишта се широки и доволно долги така да може да одмарате и  да се опуштите.

Прозорските седишта може да бидат од било кој материјал,од традиционални до современи.Широките прозорски подлоги  се многу популарни и нудат рустичен анбиент. Модерните прозорски подлоги не зафакаат простор и секогаш се со впечатлив дизајн.

Ниски седишта

Ниските клупи па дури и палети може одлучно да се вклопат  во големиот простор покрај прозорецот. Ова е одлично решение за прозорците со скриено крило, кои се сепочесто присутни во современите домови.

Дизајнот на прозорските седишта може да биде се почесто креативен се до таа граница колку вашиот буџет го дозволува тоа.Немојте да се ограничувате во вложување во прозорци бидејки можете многу повеќе да добиете.