Енергетска ефикасност

Енергетска ефикасност e извршување иста или поголема количина активности со исто или помало количеството потрошена енергија (топлинска, светлосна, кинетичка) и со помала емисија на јаглерод диоксид во атмосферата.

Што e обновлива енергија?

Обновлива енергија е енергијата која се обновува брзо преку природните процеси. Обновливи извори на енергија се сонце, ветер, вода, геотермија или биомаса.

Предноста на овие ресурси е тоа што тие се во неограничени количини и нивното користење не ја загадува околината.

Енергетски ефикасна столарија

Прозорците, вратите и светларниците се интегрален дел од станбените објекти, прозорецот е задолжителен отвор на објектот со основна функција да пропушта дневна светлина во внатрешноста на објектот и да се овозможи природна вентилација на просториите.

Вкупните загуби низ прозорците изнесува 50% од загубата на топлина на објектот. Тие обично се десет пати поголема од загубата на топлина преку ѕидовите, поради тоа е јасно значењето на енергетски ефикасни прозорци во вкупните енергетски потреби на објектот.Енергетски ефикасни прозорци покрај намалување на трошоците за греење приднесуваат и за зголемување на удобноста на живеењето и работата.

Доколку прозорците и вратите се изработени од материјали кои не задоволуваат определени барања за квалитет и се несоодветно монтирани, можат да бидат причина на значителни топлински загуби, кондензација, мувла и лош комфор во домот.

Загубата на топлината низ прозорците е преносна , односно низ затворен прозорец и вентилација и низ отворениот прозорец. Кога ќе се собере и едно и друго преку прозорците се остварува повеќе од 50% од вкупната загуба на топлина на објектот.

Прозорци има различни видови а нивните коефициенти на топлинска проводливост се движи од 0,8 W / m2K со најдобрите прозорци со тројно стакло и гас пополнување до 3,5 W / m2K во старите дрвени прозорци. Препорачливо е дека коефициентот на целокупниот пренос на топлина да не надминува 1,8 W / m2K.

Квалитетите прозорци го намалуваат преносот на загуба на топлина, а загубите преку вентилација може да се намали со инсталирање на системи за вентилација. На тој начин се намалувааат загубите при вентилација.

Предности од правилно вграден нов, енергетски ефикасен производ:

  • ја намалува потрошувачката на енергија и штеди пари
  • го зголемува комфорот во домот
  • ја намалува кондензацијата на стаклата при студено време
  • го намалува навлегувањето на бучава.

Високо квалитетни прозорци, врати и светларници се многу поефикасни од производите пред 25 години. Тие подобро заптиваат, имаат ниска емисивност на стаклата, инертен гас или вакум меѓу стаклата и подобро изведени рамки.

Енергетски ефикасните производи го прават домот покомфорен, бидејќи нема провев, внатрешниот воздух има поголема влажност во грејна сезона, а во лето се одржува свежината.

За да им се олесни изборот на потрошувачите и да им се гарантира дека одбрале квалитетен производ веќе е практика столаријата да се сертифицира и да носи соодветни етикети кои потврдено ги декларираат нивните карактеристики.

Сертифициран производ кој има етикета за квалитет ги задоволува следните карактеристики:

  • Двојно или тројно застаклување, со запечатен изолационен стаклен панел
  • Стакло со ниска емисивност
    Полнење мегу стаклата со аргон или криптон
  • Ниска кондуктивност
  • Добра заптивност

Вградување на столарија

Столаријата (прозорци, врати, светларници) треба да биде вградени од страна на стучни лица, според упатствата на производителот. Неквалитетно вградените производи (иако самиот производ е квалитетен) не функционираат правилно и може да создаде студен провев, протекување на вода, расипување на механизам и деформирање на прозорецот.